ГИ ПОДДРЖУВАМ ВЛАДАТА И НБМ ВО ОБИДОТ ДА ЈА СПАСАТ АЛТА БАНКА Трифун Костовски учествуваше на надзорната расправа во Собранието

Верувам дека владата, заедно со НБМ, ќе најде начин како да ја спаси и да ги заштити правните и физичките лица – рече Костовски.

0

Трифун Костовски, поранешен градоначалник на Скопје и мнозински акционер на Еуростандард банка, која е во стечај, беше поканет како сведок на денешната надзорна седница во Собранието за работењето на Алта Банка.

Еуростандард банка, поранешна Македонска универзална банка, е во стечај од август 2020 година, откако Народната банка ѝ ја укина дозволата за работа.






Костовски во својот исказ како сведок рече дека дента кога е прогласен стечај на Еуростандард банка, неговиот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски.

– Имам информација дека дента, 12 август, кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски каде било разговарано да евентуално се запре било каков процес, бидејќи ние како акционери имаме голема желба банката да не оди во стечај – рече Костовски.

Костовски додаде дека ја поддржува Владата во обидот, заедно со Народна банка, да ја спаси Алта банка.

– Затоа ја поддржувам Владата што застанала, заедно Народна банка, да ја спаси Алта Банка и верувам дека ќе најде начин како да ја спаси и да ги заштити правните и физичките лица – рече Костовски.

Истовремено Костовски праша зошто законските можности за стабилизација не биле применети и во случајот со Еуростандард банка. Костовски тврдеше дека акционерите не се повлекле од банката, дека ги платиле изречените казни и дека вложиле 13 милиони евра свеж капитал, шест месеци пред одземањето на дозволата за работа.

Во тој период кога Еуростандард банка отиде во стечај, имаше многу сомнежи и прашања околу кредитирањето на фирми блиски до СДСМ и на поранешниот премиер Зоран Заев. Исто така беше објавено дека неколку дена пред одлуката за одземање на дозволата, тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, си го повлекла својот влог од банката.

Поврзани содржини