ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДАТ ПОСКАПИ ЗА 14% Прогнозите велат дека телефоните под 100 долари ќе ги снема од пазарот

Лани производителите испорачале 1,26 милијарди уреди, а тоа би можело да се намали на 1,12 милијарди оваа година, што според нивната проценка,  структурно ќе го преобликува пазарот на долг рок.

81

Поради недостиг на мемории, просечната цена на мобилните телефони би можела да се зголеми за 14%, а уредите поевтини од 100 долари би можеле да исчезнат. На ова влијаат зголемената потреба од компјутери и центри за податоци за работа со вештачка интелигенција.

Аналитичката фирма „International Data Corporation“ (IDC) предвидува дека оваа состојба ќе предизвика и пад на испораките а паметни телефони годинава од 12,9%.






Лани производителите испорачале 1,26 милијарди уреди, а тоа би можело да се намали на 1,12 милијарди оваа година, што според нивната проценка,  структурно ќе го преобликува пазарот на долг рок.

Поради недостигот на меморија, просечната малопродажна цена на мобилните телефони би можела да се зголеми за 14%, а поевтините производи ќе бидат истиснати од пазарот.

Притоа пад од 6,8% за првиот квартал од 2026 година, а веќе во вториот квартал обемот на испораките драматично да се намали почнувајќи од вториот квартал.

„Пазарот на паметни телефони  ќе се намали за 12,9% во 2026 година, при што приходите ќе се намалат малку за 0,5%. Очекуваме во 2027 година да видиме скромен раст од 1,9% за паметните телефони, со посилено закрепнување од 5,2% во 2028 година“, се наведува во прогнозата.

Според прогнозата, испораките на Блискиот Исток и Африка би можеле да паднат за повеќе од 20% во споредба со претходната година. Кина и поширокиот Азиско-пацифички регион (без Јапонија) би можеле да забележат пад од 10,5 и 13,1%.

Цените на RAM меморијата би можеле да се стабилизираат до средината на 2027 година, проценува IDC, но за иста цена телефоните ќе имаат послаба меморија.

„Телефон кој можеби се испорачувал со 12GB RAM и 256GB меморија пред една година, сега може да дебитира со 8GB RAM и 128GB меморија по истата цена, или полошо. Истата динамика ќе се одвива и кај персоналните компјутери, каде што основните конфигурации би можеле да видат значителни намалувања на капацитетот на RAM и SSD“, се наведува во прогнозата.

Минатата година, аналитичката компанија Counterpoint исто така предвиде пад на испораките на паметни телефони, но значително помалку (2,6%).

Коосновачот и извршен директор на Nothing, Карл Пеи, предупреди на зголемување на цените поради зголемувањето на трошоците за меморија.

Тој истакна дека изборот пред производителите е едноставен: или ќе ги зголемат цените за 30% или ќе инсталираат послаби компоненти во уредите.

– Моделот „повеќе спецификации за помалку пари“ нема да биде одржлив – предупредува Пеи.

Поврзани содржини