ДЕТЕ ИЗВАДИЛО НОЖ ПРЕД ДРУГАРЧИЊАТА ВО ОУ „КИРО ГЛИГОРОВ“ Насилното однесување на ученикот се криело 4 години?
Мајката на детето кое извадило нож пред другарчињата во ОУ Киро Глигоров потпишала изјава дека таа по грешка го ставила ножот во ранецот. Родека родителите обвинуваат за притисоци и недоволна реакција од училиштето. Стручните служби, според управата, работат со детето веќе 4 години.
Дете од четврто одделение извадило нож од ранец во училница во ОУ Киро Глигоров во скопски Капиштец, пишува македонски Курир. Родителите кои го контактирале медиумот велат дека истото дете досега неколкупати покажало насилно однесување со ножици и дека лани нападнало другарче со посебни потреби.
По инцидентот со ножот била контактирана неговата мајка. Мајката потпишала изјава дека таа го ставила ножот во ранецот на нејзиното дете, по грешка откако правела појадок.
Родителите се револтирани од последниот случај со ножот. Тие исто така ја обвинуваат директорката дека вршела притисок до наставниците да го смират случајот и родителите да престанат да пријавуваат.
Од училиштето рекле дека стручните служби работат со ова дете веќе 4 години, но останува прашањето каков напредок е постигнат.