ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА ЗАЕВ САКАЛ ДА МУ ЈА ПРЕЗЕМЕ КЛИНИКАТА Така ќе знаеме дали тоа е вистина или некој туку-така си кажува
Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон иск или кон ипсилон лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува, бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги тврдењата на д-р Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт.
– Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој од Обвинителството го повикал Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Ако досега тоа некој не го направил да го повика Жан, бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена од високи државни функционери – кажа премиерот Мицкоски во гостување во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител што ќе биде избран, луѓето да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителството.
– Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон икс лице или кон ипсилон лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но, очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, непријателски преземања бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата – потенцираше Мицкоски.
Тоа е суштината, дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази, повтори премиерот.
– Така најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така – рече Мицкоски.