ПЛАНИРАНА ИЗГРАДБА НА ЧЕТИРИ ЕКСПРЕСНИ ПАТИШТА Ќе се градат по нови правила со две плус две ленти и еластична ограда меѓу нив

Плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридор 10 со Коридор Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија.

358

Владата планира изградба на нови експресни патишта во наредниот период, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Сега во соработка со ЕУ треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. На Влада ги поминавме основните документи за експресен пат од Кочани до граница со Бугарија. Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до граница со Бугарија и Петрич од другата страна – рече Николоски.






Новите експресни патишта, како што рече Николоски, ќе бидат поразлични од веќе изградените.

-Експресните патишта ќе бидат различни од досегашните што ги изградивме. Сменивме Закон и Правилник и  сега ќе личат на пример на автопатот Тетово-Гостивар каде што ќе имаат две плус две летни со ограда на средина, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново – Фариш таму имаме две плус две ленти со еластична ограда на средина.  – рече Николоски.

Во однос на автопатиштата на Коридор 8 и Коридор 10-д, тој истакна дека тие се работат со потребната динамика и со добро планирање и менаџирање, ќе се завршат во роковите.

Поврзани содржини