„ГО ВИДОВ КАКО ПЛАЧЕ, РОБЕРТ ДЕ НИРО Е МЕНТАЛНО БОЛЕН“ Трамп во жесток клинч со актерот критичар

Познатиот актер Роберт Де Ниро го нападна Трамп во интервју во кое се расплака. Трамп одговори нарекувајќи го Де Ниро ментално болен и дементен човек.

529

Бура од навреди ја засени говорницата во Вашингтон. Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко ги нападна демократските конгресменки Илхан Омар и Рашида Тлаиб, како и актерот Роберт Де Ниро. Обраќањето за состојбата на Унијата се претвори во политички судир без ракавици.

Кога Трамп извика дека партијата на Демократите треба да се засрами, доби одговор „вие треба да се засрамите“, „лажливец“ и „убивте Американци!“ од двете конгресменки кои алудираа на убиствата на граѓани во Минесота.






Подоцна Трамп на својата мрежа „Truth Social“ напиша дека Омар и Тлаиб имаат низок коефициент на интелигенција и дека изгледале како „ментално растроени и болни луѓе кои треба да бидат во болници“.

„Кога ги гледате Илхан Омар и Рашида Тлаиб со НИСКА IQ како неконтролирано врескаат… тие имаа испакнати, крвави очи како луди луѓе“, напиша тој.

Тој додаде дека тие се „скапани и корумпирани политичари“ и дека „треба да ги вратиме таму од каде што дошле“.

Во истата објава, Трамп го нападна и Роберт Де Ниро.

„Тие треба да се ускладат со Роберт Де Ниро, уште еден болен и дементен човек… Кога го гледав како се расплакува синоќа, како дете, сфатив дека можеби е уште поболен од лудата Роузи О’Донел“, напиша претседателот.

 

Роберт Де Ниро претходно говореше на настан наречен „Состојба на мочуриштето“, организиран од демократите како алтернатива на претседателскиот говор. Тој упати остри критики кон Трамп и неговата администрација.

Според Де Ниро Трамп прави поделби меѓу граѓаните на САД и, „не може да сакате земја која им го ускратува здравственото осигурување на десетици милиони граѓани“.

Поврзани содржини