📽️ САМАРЏИЌ ХЕРОЈ ВО 98. МИНУТА Пенал за историја и осминафинале за Аталанта

Аталанта губеше два гола по првиот меч, водеше 3-0, па беше на чекор од продолженија, но пеналот на Самарџиќ во 98. минута ја однесе во осминафиналето. Борусија остана со играч помалку по ВАР-интервенција и втор жолт за Бенсебаини.

102

Неверојатна драма се одигра во Бергамо. Лазар Самарџиќ реализираше пенал во осмата минута од судиското продолжение и ја однесе Аталанта во осминафиналето на Лигата на шампионите со победа од 4-1.

Од еуфорија до шок и назад






Аталанта водеше со 3-0 и го имаше посакуваниот резултат. Но во 75. минута Карим Адејеми намали на 3-1 и го израмни вкупниот резултат во двомечот.

Борусија притисна. Мечот мирисаше на продолженија.

Пенал по ВАР и црвен картон

Во последните секунди настана хаос. По нафрлување во шеснаесетникот, Рами Бенсебаини во обид да расчисти ја удри топката, но и Крстовиќ во глава.

Судијата по ВАР-проверка покажа на белата точка. Бенсебаини доби втор жолт картон и беше исклучен.

Одговорноста ја презеде Самарџиќ. Без двоумење ја смести топката во аголот. Стадионот експлодира.

Пресврт за паметење

Аталанта претходно ги анулираше двата гола негатива од првиот меч. Погодија Скамака, автогол на Бенсебаини и Пашалиќ за 3-0.

Кога изгледаше дека сè ќе се урне, Самарџиќ стана херој.

Поврзани содржини