СО ТУЃА КАРТИЧКА СИ КУПУВАЛ НА ИНТЕРНЕТ Кавадарчанец осомничен за онлајн трансакции од над 230.000 денари

Осомничениот наводно прибавил податоци од туѓа платежна картичка и извршил повеќе интернет-плаќања.

290

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против К.И. (26) од Кавадарци поради сомнение дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

Според полицијата, осомничениот набавил податоци од платежна картичка во сопственост на 60-годишно лице, по што во повеќе наврати извршил поголем број онлајн трансакции.






Со ваквите дејствија, како што информираат од МВР, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 232.788 денари.

Поврзани содржини