ШЕСТ ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетник без дозвола, пијани зад волан и возење со забрана
Шест возачи се приведени во Прилеп, Тетово и Скопје поради возење без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол.
Само во текот на еден ден полицијата привела шест лица поради сериозни сообраќајни прекршоци – возење без дозвола, управување со активна забрана и возење под дејство на алкохол.
Меѓу приведените има и малолетник од прилепско, кој управувал возило без возачка дозвола. Во тетовско, тројца возачи биле затекнати зад волан иако немале положено возачки испит.
Во Скопје, пак, еден возач управувал автомобил и покрај тоа што имал изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија.
Дополнително, 37-годишна жена била фатена како управува возило под дејство на алкохол.
Сите лица биле приведени во полициска станица, а по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од полицијата апелираат граѓаните да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана или доколку се под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.