ДРОГА И МУНИЦИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО ПОДГОРЦИ Уапсен 28-годишник од струшко

Полицијата при претрес во село Подгорци, струшко, пронајде марихуана и куршуми од различен калибар. Уапсен е 28-годишен жител, а против него ќе бидат поднесени пријави.

228

Дрога и муниција биле откриени при претрес во куќа во струшкото село Подгорци, по што е приведен 28-годишен жител на селото.

Според информациите од истрагата, полицијата вчера извршила претрес во домот на Д.Р. (28), при што биле пронајдени марихуана и куршуми од различен калибар. Пронајдените предмети се одземени, а лицето е лишено од слобода.






Од надлежните најавуваат дека по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини