СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ НА ПОЛИЦАЈКА Напаѓач приведен во Скопје, подоцна уапсена и сопственичката на оружјето
По недоразбирање во угостителски објект, А.С. упатил закани со пиштол и физички нападнал двајца мажи, полицијата привела двајца осомничени.
Вчера вечерта во населбата Скопско Поле, инцидент со насилство заврши со привршување на полицијата. Околу 22:00 часот, 35-годишниот А.С. од Скопје и уште едно лице физички ги нападнале И.С. (31) од с.Марино и Б.А. (32) од населба Илинден, по претходно недоразбирање во угостителски објект.
Во нападот, А.С. упатил закани со пиштол кон И.С., со пиштол, сопственост на А.М.(30) од с.Стајковци, скопско, вработена во МВР и која била со нив. Полицијата интервенирала и околу 22:20 часот го лишила од слобода А.С., при што кај него во возило „БМВ“ било пронајдено и одземено оружјето.
Подоцна, во раните утрински часови, на подрачјето на Гази Баба, полицијата ја привела и 30-годишната А.М., сопственичка на пиштолот и вработена во МВР. Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.