ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВСКИОТ ЗАЛИВ НОСИ НЕВРЕМЕ Викендов обилни врнежи и силен ветер

Попладне и во недела се очекуваат поројни врнежи, силен јужен ветер и локални невремиња.

475

Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновски Залив, викендов во Македонија повторно ќе има голема промена на времето.

Особено денес попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела и во недела, насекаде ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и проследени со силен ветер од јужен и југоисточен правец. Локално, брзината на ветерот може да надмине 60 километри на час.






Во одделни региони се очекува нестабилно време со поројни врнежи, силен ветер и појава на грмежи во форма на невреме.

За време на овој бран на врнежи, локално се прогнозира да наврнат повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен.

Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.

Поврзани содржини