ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ ОД РАНО УТРО За Задушница кружен сообраќај кон гробиштата

Измени во движењето на возилата поради зголемената посетеност на градските гробишта за Задушница.

153

Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, денеска од 6:00 часот во Скопје е воведен посебен сообраќаен режим, информира Министерство за внатрешни работи.

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје соопштуваат дека измените се воведуваат со цел полесно и побезбедно одвивање на сообраќајот кон градските гробишта, каде традиционално се очекува зголемена фреквенција на возила.






Кружен сообраќај кон Бутел

Кон гробиштата Гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока, односно кружно.

Возилата ќе се движат по следната маршрута:

по улицата Бутелска,

лево по Александар Урдаревски,

лево по Боца Иванова,

и десно кон влезот на гробиштата.

За излез од гробиштата, возилата ќе се движат:

десно по Боца Иванова,

до кружниот тек на Бутелска,

потоа лево по Бутелска,

и десно по Кемал Сејфула.

Измени и кај други гробишта

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен и во близина на гробиштата во населбите Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде исто така се очекува зголемено присуство на граѓани.

Од МВР апелираат до возачите строго да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници со цел да се избегнат застои и евентуални сообраќајни инциденти.

Поврзани содржини