ХИВ-ПОЗИТИВНИ ДРЖЕЛЕ „ОБУКА“ ВО МЕЃУНАРОДНА ПЕДОФИЛСКА МРЕЖА Франција и Сенегал се соочуваат со тежок скандал
Според наводите, осомничените делувале како „криминална група“ специјализирана за таканаречена „сексуална обука“ на млади момчиња. Момчињата биле злоупотребувани од мажи, претежно ХИВ-позитивни, кои имале незаштитен сексуален однос со нив. Дел од злосторствата биле снимани.
Властите во Сенегал и во Франција разоткрија мрежа на сексуална злоупотреба што се протегала од северна Франција до западниот брег на Африка. Центарот на европската траса бил градот Бове, а африканскиот крак водел кон Сали, туристички град во Сенегал.
Францускиот весник „Монд“ објавил дека сенегалската полиција привела 14 лица. Тие се осомничени за групна педофилија, подведување, силување малолетни момчиња на возраст од 15 години и намерно пренесување на ХИВ.
Истрагата ја водело француското одделение за криминалистички истраги. Сите приведени се државјани на Сенегал.
Според наводите, осомничените делувале како „криминална група“ специјализирана за таканаречена „сексуална обука“ на млади момчиња. Момчињата биле злоупотребувани од мажи, претежно ХИВ-позитивни, кои имале незаштитен сексуален однос со нив. Дел од злосторствата биле снимани.
Четворица од приведените биле опишани како „сексуални тренери“. Тие признале дека го сториле делото и изјавиле дека дејствувале по наредба на француски државјанин. За тоа добивале финансиска компензација.
Истрагата продолжува. Француските власти работат на утврдување на улогата на наводниот организатор од Франција и на можни нови осомничени.