ВО САРАЕВО ТРАМВАЈ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ И ЈА ЗБРИША СТАНИЦАТА! Едно лице загина, две се повредени

Голем број полицајци и пожарникари излегле на терен, додека екипи на Итната медицинска помош со повеќе возила ги пренесоа повредените во болница.

1,014

Едно лице загина, а две се повредени откако трамвај излета од шините и целосно урна трамвајска станица во Сараево, јавија босански медиуми и граѓани на социјалните мрежи.

Трамвајот, кој сообраќал од правец на Железничката станица кон Башчаршија, излетал од шините на раскрсницата кај Земскиот музеј и завршил на коловозот.






Според првичните официјални информации од МВР на Кантонот Сараево, едно лице го загубило животот, а две се повредени. Неофицијално, загинатиот е маж.

– Во трамвајската несреќа на подрачјето на Центар, едно лице смртно настрада. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Известен е јавен обвинител – потврди портпаролката на МВР, Мерсиха Новалиќ.

Голем број полицајци и пожарникари излегле на терен, додека екипи на Итната медицинска помош со повеќе возила ги пренесоа повредените во болница.

Како што може да се види од фотографиите и видеоснимките, поради излетувањето на трамвајот од шините речиси целосно е уништена трамвајската станица.

Поврзани содржини