СЕИЗМОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА НА ПМФ ОФИЦИЈАЛНО ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ Рихтерова локална магнитуда ML4.6, епицентар 45 км северозападно од Скопје

Земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

2,201

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа (вторник) во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.






За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на овој ЛИНК или јавете се на 112, се вели во соопштението на СЛ при ПМФ. 

Поврзани содржини