ПРОДОЛЖУВА ОБЛАЧНОТО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ За викендот е најавено заладување

Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

267

Времето во среда, 11 февруари, ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Teмпературите ќе бидат во интервал од 1 до 12 степени.






Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури.

Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Поврзани содржини