🎥 СЕ УРНА АВИОН ВО СОМАЛИЈА ВЕДНАШ ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО Сите 55 патници и членови на екипажот преживеаја

Според очевидците авионот летал невообичаено ниско пред да се урне во Индискиот Океан.

704

Авион на сомалиската авиокомпанија „СтарСкај“ се урна во Индискиот Океан по полетувањето од меѓународниот аеродром „Аден Аде“ во Могадишу.

Во авионот имало 55 патници и членови на екипажот и сите ја преживеаја несреќата.






Несреќата се случила набрзо по полетувањето. Според очевидците авионот летал невообичаено ниско пред да се урне.

Сè уште не е позната причината за авионската несреќа.

Поврзани содржини