СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ Кои новини ги носи Предлог-законот?

Владата го утврди Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на денешната седница.

372

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители.

Според Правда, овој закон претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.






Има неколку клучни измени во Предлог-законот.

Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот.

Засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието.

Зајакната транспарентност на работата на Советот, преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси.

Воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет.

Детално уредена постапка за разрешување на член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми.

Предлог-законот за Советот на јавни обвинители и Предлог-законот за Јавното обвинителство, добија заедничко позитивно мислење Венецијанската комисија.

Поврзани содржини