ОД КУМАНОВСКИТЕ УЧИЛИШТА СЕ ИСПИШАЛЕ 40 УЧЕНИЦИ Со семејствата се отселиле во други градови или во странство

За разлика од претходните години, кога семејствата заминуваа во странство, оваа година повеќето се преселиле во други градови во Македонија.

98

Кумановските основни и средни училишта во второто полугодие ќе имаат 40 ученици помалку од тие што се запишале на почетокот на годината, соопшти Секторот за образование во Општина Куманово.

Најчеста причина за отпишувањето е иселувањето на нивните семејства од градот.






„Од основните училиште се испишале 38 ученици, од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и 9 поради преселба во друга држава. Во средните училишта во првото полугодие се испишале 2 ученика поради преселба во друга држава, заклучно со 5 февруари годинава“, соопшти Секторот за образование во Општина Куманово.

Трендот на иселување од Куманово во текот на учебната година продолжува и понатаму, но не со динамика како во предходните години. Минатата година пред второто полугодие се испишале 174 ученици, а во 2023/2024 година 130 ученици. За разлика од претходните години, кога семејствата заминуваа во странство, оваа година повеќето отишле во други градови во Македонија.

Во учебната 2025/26 година во средните училиште во Куманово се запишани 1.130 ученици во прва година, а во прво одделение 904 првачиња, 60 помалку од 2024/25 година.

Поврзани содржини