🎥 ДОЛГОГОДИШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ И ПРИЈАТЕЛИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЗАЕДНИЧКО ВНУЧЕ Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс го очекуваат своето прво дете

Откако беше објавено дека ќерката на Мартин Лоренс и најстариот син на Еди Марфи го очекуваат своето прво дете, најдовме видео во кое пред неколку месеци Еди, одговарајќи на прашања за венчавката на нивните деца вели дека луѓето ќе очекуваат еден ден нивното внуче да биде многу смешно, но дека тоа веројатно ќе биде сериозно дете.

127

Мартин Лоренс и Еди Марфи наскоро ќе добијат внуче. Имено, деновиве беше објавено дека ќерката на Лоренс, Џасмин Лоренс (30) и најстариот син на Марфи, Ерик Марфи (37), го очекуваат своето прво дете.

Го најдовме видеото во кое, во јули минатата година, Еди Марфи, одговарајќи на прашања за венчавката на неговиот син со ќерката на неговиот долгогодишен пријател и соработник, прогнозира дека сигурно луѓето ќе очекуваат еден ден нивното внуче да биде многу смешно, но дека тоа веројатно ќе биде сериозно дете.






И точно како што прогнозира комичарот во ова видео, неговите и обожавателите на Мартин кои се воодушевени од новоста, коментираат:

– Замисли дека твои дедовци се Еди Марфи и Мартин Лоренс, тоа дете ќе биде неверојатно талентирано и смешно.


Ерик и Џесмин стапија во брак во мај минатата година, на мала и интимна церемонија, само за најблиските.

Поврзани содржини