СЕ ПРАВЕЛЕ МИЛИОНСКИ ДОЛГОВИ ВО ПРЕТПРИЈАТИЈА СО НЕВПИШАНИ КВАДРАТИ И ДУПЛИ ВОДОМЕРИ Град Скопје нема да дозволи да се повтори минатото

Тоа претпоставувате од какви причини е направено. Нема да може така. Сега ќе има електронска база на точни податоци која ја вкрстуваме со Катастар. Секој обид да се направи таква работа во перспектива ќе биде строго санкциониран, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски пред новинарите давајќи детали за дупли водомери и за невпишани кавдрати во пресметките за наплата на ѓубретарина во јавните претпријатија.

2,463

Град Скопје нема да дозволи да се продолжат практиките од минатото со кои биле системски уништувани јавни претпријатија, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој откри дека во тек е акција во која се откриваат низа недоследности кај правни субјекти како загуба од 1,5 милиони евра во Комунална хигиена поради невпишани површини за наплата на ѓубретарина и големи загуби во Водовод и Канализација поради, како што вели, сериозни злоупотреби со вода и со водомери.






– Тоа претпоставувате од какви причини е направено. Нема да може така. Сега ќе има електронска база на точни податоци која ја вкрстуваме со Катастар. Секој обид да се направи таква работа во перспектива ќе биде строго санкциониран – изјави Ѓорѓиевски пред новинарите давајќи детали.

Зборувајќи за минати состојби во Комунална Хигиена градоначалникот изјави:

– Пример, над 130.000 квадратни метри сех впишани површини, површини кои, за мене и колегите од непознати причини, во минатото не биле опфатени во пресметките за наплата на ѓубретарина. Тоа се над 1,5 милиони евра загубен приход месечно на претпријaтието.

Ѓорѓеивски вели дека се работи за објекти од индустриска зона.

– И тоа како се спроведувало? Имало индустриска зона. Процена си направил некој во минатото дека на 5 објекти треба да им се пресмета целата површина за наплата, aма на некои требало помалку од што треба да им се пресмета.

Потоа градоначалнкот се осврна на злоупотреби на вода и ненаплата на сметки за водовод.

– Кога сме кај ЈП Водовод и канализација во тек е акција кај многу правни субјекти каде што има сериозна злоупотреба на вода, дупли водомери се поставувани во минатото, каде што не се регулирала состојбата како што треба и тоа се должи исто така на дел од генерираните загуби на претпријатието. Дел се должат на односите поврзани и со закоченоста на пречистителната станица каде што имаме сериозно придвижување напред, но и со на наплатата на сметки.

Ѓорѓиевски апелира дека Градот нема да дозволи состојба во којашто застаруваат долгови.

– Знаете и самите, тоа е состојба во која свесно го носите во колапс некое претпријатие или целиот град. Некој го дозволувал тоа во минатото.

Поврзани содржини