📷 ЛИДЕРИТЕ НА Г20 ВО МАЈАМИ ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКА ОГРОМНА ЗЛАТНА СТАТУА НА ТРАМП Но, има еден проблем авторот нема да ја даде, ако не ја добие договорената сума пари

Проектот е финансиран од група крипто-инвеститори, а според нив, статуата е дизајнирана како промотивна алатка за мемекоин наречен $PATRIOT.

103

Светските лидери кои ќе учествуваат на  самитот на Г20 во Мајами во декември годинава ќе бидат пречекани од златна статуа на американскиот претседател Доналд Трамп висока 6,7 метри, пишуваат американските медиуми.

Статуата е наречена „Дон Колосус“ и ќе биде поставена, како што е планирано, во одморалиштето Трамп Нешнал Дорал, едно од централните места за самитот.






Проектот е финансиран од група крипто-инвеститори, а според нив, статуата е дизајнирана како промотивна алатка за мемекоин наречен $PATRIOT.

Според „Њујорк тајмс“, таа е изработена од бронза и ќе биде поставена на челична бетонска основа.


Изработена е од уметникот Алан Котрил, познат по изработката на скулптури на поранешни американски претседатели. Договорената вредност на скулптурата е 400.000 долари.

Котрил веќе објави фотографии од статуата на социјалните мрежи, а тие предизвикаа бројни позитивни реакции од корисниците.

Според планот, статуата ќе биде покриена со слој злато, што, пишува Индепендент, одговара на склоноста на Трамп кон луксуз, особено златни детали.

Иако е завршена, статуата моментално е во леарницата на „Котрил“ во Охајо поради финансиски спор со клиентот.

Уметникот тврди дека инвеститорите му должат 90.000 долари од вкупно договорените 150.000 долари за авторски права и создавање на скулптурата.

– Таа статуа нема да ја напушти мојата леарница додека не се плати целиот долг – вели Котрил.

Еден од инвеститорите вклучени во проектот, изјави дека уметникот ќе биде целосно платен пред официјалното откривање на споменикот.

-Во секој деловен договор, дел од средствата се задржуваат додека проектот не се заврши – рече тој.

Според најавите на американските власти, самитот на Г20 ќе се одржи на 14 и 15 декември, а Белата куќа тврди дека одморалиштето Трамп Национал Дорал ќе се користи според вообичаениот модел на трошоци, без да се остварува профит од американскиот Стејт департмент или странски влади.

Поврзани содржини