СО УШТЕ ДЕВЕТМИНА ГО СИЛУВАЛ СОПСТВЕНИОТ СИН Ужас во Франција, 5-годишно дете било дрогирано и злоупотребувано

Злосторствата траеле со месеци, осомничените користеле дрога, а таткото на детето се терети за инцест и соучество.

798

Во Франција се обвинети десет мажи за силување на петгодишно момче, при што во злосторството учествувал и неговиот татко, соопшти Обвинителството во Лил.

Обвинетите се на возраст од 29 до 50 години, а истрагата против нив е отворена на 15 февруари 2025 година. Според обвинението, злосторствата биле извршувани во периодот од ноември 2024 до февруари 2025 година.






Како што наведуваат француските власти, осомничените користеле дроги за зголемување на сексуалното задоволство, додека истовремено го дрогирале и детето за да го онеспособат да пружи отпор.

Максималната казна што може да им биде изречена на обвинетите е доживотен затвор. Еден од осомничените, според обвинителството, извршил самоубиство минатото лето додека се наоѓал во притвор.

Таткото на детето е обвинет за инцест и за соучество во силување, а истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини