МИНИСТЕРСТВОТО СЕ ОГЛАСИ ЗА „ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ“ ВО САД Еве кој бил надлежен и какви правила важеле

Министерството за здравство се оградува од спроведувањето на научната студија и појаснува дека постапките со биолошки материјал биле строго регулирани со закон.

1,288

Министерството за здравство соопшти дека нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност, во врска со актуелната јавна дебата за научна студија за мозочни примероци помеѓу Институтот за судска медицина и МАНУ.

Оттаму информираат дека од Медицинскиот факултет биле известени оти научно-истражувачката работа со биолошки материјал што содржи генетски карактеристики е строго законски регулирана. Таквите активности се уредени со Законот за научно-истражувачка дејност, Правилникот за клинички испитувања, како и со упатствата за трансфер, транспорт, пакување и обележување на биолошки материјали.






Во соопштението се наведува и дека во периодот кога се спроведувале овие постапки, законската обврска за чување на документацијата изнесувала 15 години, додека од 2018 година наваму таа обврска е продолжена на 25 години.

Министерството дополнително појаснува дека постапката за транспорт на ткива во тој период вклучувала информирана согласност од семејството, одлука од етичка комисија за истражување кај луѓе, како и дозвола за извоз на ткива издадена од тогашното Биро за лекови. Во дозволата, како што се наведува, прецизно било дефинирано дека ткивото се користи за научно-истражувачки цели и за кои конкретни намени.

„Кога станува збор за извоз на биолошки материјал, пред започнување на постапката мора да постои формален договор или меморандум меѓу научните институции во земјата и странство. Во тие документи јасно се утврдуваат протоколите за земање, транспорт, прием и понатамошно постапување со материјалот, како и целите на истражувањето, согласно важечката регулатива“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Поврзани содржини