ЌЕ ГО СПРЕЧИТЕ ЛИ ШВЕРЦОТ НА ЛУЃЕ ОД УКРАИНА Зеленски и француски осуденик на пик во досието Епштајн?

Господине Зеленски, во контекст на трговијата со луѓе што се случува во Украина, организирана од Жан-Лук Брунел, сакам сите ваши средства да бидат истражени во ЏП Морган!, напишал авторот на писмото протечено во досиејата на сексуалниот престапник Џефри Епштајн, тврди руски ТАСС.

1,656

Документите на сексуалниот престапник Џефри Епштајн не е заобиколено ниту името на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишуваат руските медиуми.

Објавата дојде преку руски ТАСС, кој се повикува се на материјали што наводно содржат електронска кореспонденција од 2024 година. Во пораките се изнесуваат тврдења за вмешаност  на Зеленски во трговија со жени и деца од Украина.






Пораките, според написите, го спомнуваат и модниот агент Жан-Лук Брунел, кој во Франција беше обвинет  за трговија со луѓе од Украина во 2020 година. Брунел почина во притвор пред правосилна судска одлука.

„Зеленски, во контекст на трговијата со луѓе што се случува во Украина, организирана од Жан-Лук Брунел, сакам сите ваши средства да бидат истражени во ЏП Морган!“, напишал авторот на писмото.

На друго место, тој или таа се прашува дали Зеленски имал намера да ја спречи трговијата со жени и деца и прашал зошто украинските медиуми молчат за ова прашање.

Според ТАСС, Зеленски се споменува во досиејата на Епштајн и од други причини. Во едно од нив, самиот Епштајн и Мирослав Лајчак, кој тогаш беше министер за надворешни работи на Словачка и претседател на ОБСЕ, разговараат за украинските претседателски избори во 2019 година на апликација за пораки, два дена по победата на Зеленски на избори.

„Епштајн во написот забележува дека ситуацијата изгледала како добра можност за интервенција. Неговиот соговорник изразил сомнежи во способноста на Зеленски да ја води Украина. Во посебна забелешка, Епштајн истакнал дека ‘пресвртот во Украина треба да обезбеди многу, многу можности“, тврди ТАСС додавајќи дека името на Зеленски се споменува неколку десетици пати.

Тврдењата на руските медиуми се непотврдени.

Поврзани содржини