🎥 КОЛКУ ЧИНАТ МРСУЛИТЕ НА СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН, А КОЛКУ НА ПЈЕР НИНИ? Дали знаевте дека славните можат да продадат дури и употребени шамивчиња за нос?

Употребено марамче на актерката Скарлет Јохансон во 2008.година било продадено на аукција за 5.300 долари, но прочитајте подолу колкава цена достигнало употребеното марамче на францускиот актер Пјер Нини. Актерот се прослави со улогата на Ив Сен Лоран во истоимениот биографски филм, за која ја доби наградата Цезар, позната и како француски Оскар.

49

За време на медиумската турнеја за објавувањето на неговиот нов филм „Гуру“, францускиот актер Пјер Нини се согласи да ја игра играта „Вистина или лага“ со јутјуберот Антон Рака.

Му беше поставено прашањето: „Вистина или лага, во 2008 година, употребеното марамче на Скарлет Јохансон се продаде на аукција за 5.300 долари?“






Одговор: Точно. Во 2008 година, познатата актерка си го издува носот за време на интервју на снимањето на американската емисија „Tonight“.

Таа била болна и објаснила дека го добила вирусот од нејзиниот колега Семјуел Л. Џексон, со кого глумела во филмот „The Spirit“. Во тоа време, ѕвездата се согласила марамчето да се продаде на аукција за добротворни цели. На крајот, собраните 5.300 долари биле донирани.

Очигледно инспириран од оваа приказна, Пјер Нини, сега понуди „да стави нешто на аукција за да види колку ќе вреди“.

Па така, Антон Рака му донесе марамче, а актерот си го издува носот пред камерата.

– Не е многу. Јас сум во добра здравствена состојба. Понудата ќе се искачи до пет евра – се пошегува актерот.

Кратко потоа, Антон Рака го стави марамчето на продажба на eBay, со симболична почетна цена од едно евро. Многу брзо, огласот експлодирал: десетици илјади луѓе почнале да лицитираат и цената скокнала за неколку часа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antton Racca (@anttonracca)

Она што започна како шега, доби неочекуван пресврт: цената на обично марамче сега достигнала 100.000 евра.

Пјер Нини и Антон Рака изјавиле дека сите собрани пари ќе бидат донирани во добротворни цели, иако сè уште не открија за кои.

Францускиот актер Пјер Нини е ѕвездата на најновата филмска адаптација на познатиот роман „Грофот од Монте Кристо“ од Александар Дима, во кој ја игра главната улога, Едмон Данте. Филмот се снимал 75 дена, од кои 150 часа биле потрошени на неговата шминка.

Пјер Нини престојувал на хрватските острови Хвар и Вис каде што е снимен дел од филмот „Одисеја“, приказната за Жак Кусто, во кој тој го игра Филип, вториот син на Кусто. Една година претходно, Нини стана познат по улогата на Ив Сен Лоран во истоимениот биографски филм, за кој ја доби наградата Цезар, позната и како францускиот Оскар, и оттогаш неговата кариера е во подем.

Пјер Нини сега се етаблираше како еден од најпопуларните и најпрофитабилните актери во современата француска кинематографија.

Поврзани содржини