КАДЕ ГО ЧУВААТ ЗЛАТОТО ПЕТТЕ ЗЕМЈИ СО НАЈГОЛЕМИ РЕЗЕРВИ? Годинава може да биде година на репатријација на златните резерви

Лани прашањето за тоа каде се чува златото стана политичко прашање. Дилемата беше кои се придобивките од тоа резервите од злато да се чуваат дома или во странство. Земјите што складираат злато во Њујорк или Лондон имаат предност од брза продажба на берзата, но се изложени на ризик од замрзнување на средствата во случај на санкции.

87

Централните банки во последните 18 месеци продолжија агресивно да купуваат злато, третирајќи го како врвен инструмент на економски суверенитет. Геополитичките превирања лани, но и на почетокот од годинава влијаеја на рекорден раст на цената на златото што пак не влијаше централните банки да посегнат по овој благороден метал.

Лани прашањето за тоа каде се чува златото стана политичко прашање. Дилемата беше кои се придобивките од тоа резервите од злато да се чуваат дома или во странство. Земјите што складираат злато во Њујорк или Лондон имаат предност од брза продажба на берзата, но се изложени на ризик од замрзнување на средствата во случај на санкции.






Затоа, трендот оваа година е јасен: златото масовно се враќа во домашните државни обврзници, процесот на репатријација има потенцијал да ја одбележи годината.

Но, кои земји чуваат наголеми резерви на злато?

Ги издвојуваме првите пет на листата и каде го чуваат златото.

Први на листата се САД кои дополнително чуваат и резервите на над 60 земји+. САД поседуваат  8.133,5 тони злато, што е речиси исто колку трите земји листата што следат по нив. Ова злато не е само резерва, туку и основа на доларот како глобална резервна валута.

Најголемиот дел од овие залихи, околу 56%, се чуваат во Форт Нокс, познат како најчуваната локација во светот. Во Вест Поинт и Денвер се ковлници со висока безбедност кои го чуваат остатокот од националното богатство.
Федералната резервна банка на Њујорк е локацијата каде што САД складираат околу 5% од своето злато, но овој трезор е всушност познат по тоа што го чува златото на над 60 странски земји.

Втора е Германија која има резерви од 3.351,5 тони злато. Со години, поголемиот дел од ова злато беше складирано во странство поради страв од Студената војна, но Бундесбанк неодамна заврши голем процес на репатријација.

Најголемиот дел од резервите, малку повеќе од 50%, се наоѓа во Франкфурт на Мајна. Оваа земја чува и 1.236 тони, во вредност од околу 164 милијарди евра, во Њујорк. Поради моменталните геополитички превирања, повиците за репатријација на злато од САД се слушаат сè почесто во Германија.
Освен во Њујорк, остатокот од златото се чува во центарот во Лондон за лесна конверзија во странски валути во случај на итна потреба.

Трета е Италија која поседува 2.451,8 тони злато. За разлика од некои други земји, Италија не го продава своето злато со децении, сметајќи го за клучен штит против инфлацијата.

Поголемиот дел од резервите се наоѓаат во подземните трезори на Банка д’Италија во Рим.

Помали делови од златото се дистрибуираат во САД, Швајцарија и Велика Британија за да се обезбеди ликвидност на меѓународните пазари.

Франција со 2.436,9 тони злато е четврта земја со најголеми резерви во светот.

Интересно е што Франција го чува речиси целото злато дома. Ла Сутерен во Париз е еден од најимпресивните трезори во светот. Се наоѓа 29 метри под нивото на улицата во Париз. Трезорот е толку голем што низ историјата се користел и за заштита на уметнички дела.

Со децении, Франција инсистираше на целосен суверенитет над своето злато, што во 2026 година се покажува како далекусежна стратегија.

Петта на листата е Русија. Таа поседува околу 2.332,7 тони злато.

Според официјалните податоци од Централната банка на Русија, целото злато се складира исклучиво во земјата, на локации во Москва и Санкт Петербург. Главниот трезор во Москва се простира на над 17.000 квадратни метри и е опремен со најсовремена заштита од сајбер и физички напади.

 

Поврзани содржини