📽️ „ИМПЕРИЈАЛИСТ И АТЕНТАТОР“ ОДЕКНУВА ВО ХАВАНА Кубанци го пречекаа американскиот дипломат со навреди

На видеоснимката што самиот дипломат ја објави јасно се слуша како група луѓе во Хавана извикуваат „империјалист“ и „атентатор“ кон него. Стејт департментот ја обвини Куба за, како што се наведува, „неуспешна тактика на застрашување“ и побара Хавана да престане да „испраќа поединци да се мешаат во дипломатската работа“ на САД.

407

САД ја обвинија Куба дека се меша во работата на американскиот висок дипломат во Хавана, Мајк Хамер, откако групи Кубанци го пцуеја и навредуваа по неговиот состанок со претставници на Католичката црква.

Снимката од инцидентот се прошири на социјалните мрежи. На видеоснимката што самиот дипломат ја објави јасно се слуша како група луѓе во Хавана извикуваат „империјалист“ и „атентатор“ кон него.






Стејт департментот ја обвини Куба за, како што се наведува, „неуспешна тактика на застрашување“ и побара Хавана да престане да „испраќа поединци да се мешаат во дипломатската работа“ на американскиот вршител на должност, Мајк Хамер.

 

 

Поврзани содржини