ПРАШАЊАТА ЗА ДРОГАТА СДСМ ДА МУ ГИ ПОСТАВИ НА ЗАЕВ Филипче има директен линк со него, порача ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ прашува како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Прашањата за дрогата СДСМ нека ги постави кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, лидерот Венко Филипче има контакт со него, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„СДСМ прашува како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска, во поширока акција на српската полиција, во која се запленети 5 тони марихуана, уапсен е и Иван Драгниќ, косопственик на македонска компанијата за производство и преработка на медицински канабис.