КОМБИНАТОТ ФЕНИ ПОВТОРНО ЌЕ РАБОТИ Градоначалникот Јанчев најавува вкупно 670 вработувања
Градоначалникот рече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе биле ставени во функција.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат за фероникел, поранешно „Фени“.
„Компанијата „Golden Eagle“, поранешно „Фени“, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 лица“ – напиша Јанчев во објавата на Фејсбук.
Градоначалникот рече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе биле ставени во функција.
„Добрата соработка помеѓу „Golden Eagle“, Општина Кавадарци, како и со Владата и со премиерот Христијан Мицкоски, овозможија оваа фабрика повторно да биде активирана и ставена во функција за доброто на граѓаните и локалниот економски развој“ – сподели Јанчев.
Турската групација „Јилдирим“ (Yildirim Group of Companies) во 2024 година се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци и најави дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден игл никел“.