🎥 СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ НЕ БЕА ПРЕВИСОКИ! Зејн Малик се пошегува на сметка на својот поранешен колега Хари Стајлс

На својот настап во Лас Вегас, Зејн Малик се придружи на низата незадоволни обожаватели на Хари Стајлс кои го критикуваат пејачот за високите цени на билетите за неговите концерти, шегувајќи се: „Се надевам дека цените на билетите не беа превисоки... Само велам.“

124

Хари Стајлс е деновиве под лупа на јавноста поради ограничувањето на неговата нова турнеја „Together, Together“ на само седум градови низ светот, а незадоволството на неговите обожаватели поради високите цени на билетите се шири низ социјалните мрежи, со обвинувања дека е алчен и дека е одвоен од реалноста.

Неговиот поранешен колега од бендот „One direction“, Зејн Малик, се придружи на критиките, шегувајќи се на еден од своите концерти.






Тој предизвика бура од реакции откако јавно се пошегува со Стајлс поради вртоглавите цени на билетите за неговата нова светска резиденција за време на настапот во Лас Вегас.

За време на настапот во местото „Долби Лајв“ во Лас Вегас, Зејн Малик, облечен во бело сако и насмеан ѝ се обрати на публиката: „Се надевам дека цените на билетите не беа превисоки… Само велам.“

По кратка пауза, тој брзо ја смени темата и продолжи со концертот, но коментарот не остана незабележан.

Разликата во цените дополнително ја разгоре дебатата, со оглед на тоа што Зејн ги наплаќа билетите за неговиот престој значително поповолно, иако настапува на место со ограничен капацитет. Во меѓувреме, обожавателите на Хари Стајлс ги споделуваат своите фрустрации на социјалните мрежи поради прескапите билети, долгите онлајн редици и чувството дека музиката им станала недостапна.

Цените на билетите достигнуваат и до 725 фунти за концертите во Лондон, додека некои ВИП пакети во други градови надминуваат 1.600 долари, што беше сосема оправдана причина за бранот незадоволство.

Тие ги споредија моменталните цени со турнеите на Хари во 2022 година, кога билетите за Медисон Сквер Гарден и стадионот Вембли беа многу пати поевтини. Многумина го повикаа пејачот и неговиот тим да ја преиспитаат политиката на цени, потсетувајќи дека изведувачите имаат влијание врз начинот на продажба на билетите.

Малик и Стајлс настапуваа заедно во One Direction од 2010 до 2015 година, кога 33-годишниот Британец со пакистанско потекло го напушти бендот за да продолжи со соло кариера.

И покрај критиките, Стајлс продолжува да руши рекорди – со дополнителните датуми во Лондон, тој ќе стане уметникот со најмногу настапи на Вембли на една турнеја, надминувајќи ги Колдплеј и Тејлор Свифт. Сепак, дебатата за цените на билетите фрла сенка врз неговиот успех и поставува едно старо прашање: каде е границата помеѓу спектаклот и достапноста на музиката за фановите?

Малик и Стајлс последен пат се сретнаа на погребот на нивниот колега од бендот, Лиам Пејн.

@blu3waves

is this harry shade? 🤣 #zaynmalik #zayn #fyp #harrystyles #onedirection

♬ original sound – Isi🌺

Поврзани содржини