БИСЛИМОСКИ И РКЕ ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ „ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ“ Тие тврдат дека лиценцата е одземена според закон

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека нема да коментираат детали со цел да се остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата.

424

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.

Ова е ставот на Комисијата по информацијата на Финансиската полиција  дека поднела кривична пријава против претседателот на РКЕ Марко Бислимоски .






РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на компанијата „Тритерол Петрол“ е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.

Оттаму додаваат дека Комисијата нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата.

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ГО ГОНИ ШЕФОТ НА РКЕ Бислимовски осомничен за злоупотреба на службената положба

 

Поврзани содржини