НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК ЌЕ БИДЕ ДОНЕСЕН ДО ЈУНИ Македонија ќе добие квалитетно законско решение

Најсложениот и најсензитивниот закон за сите граѓани во оваа држава е Кривичниот законик и треба да бидеме особено внимателни, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.

477

Се подготвува нов Кривичен законик, за кој веќе има нацрт верзија, вели Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска официјално се изгласа измената на Кривичниот законик којшто беше поднесен од 9 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои што сум и јас. Оваа измена доаѓа по онаа иницијатива и она укажување на Уставниот суд, којшто ни кажа дека доколку не направиме до крајот на годината измени во Кривчниот законик, ќе оставиме да имаме правна празнина, и оттаму доаѓа и таа иницијатива да поднесеме предлог измена на Кривичен законик. И секако, од оној упад којшто беше направен од претходната влада во 2023 година, каде што освен што се намалија казните по членот 353, односно злоупотреба на службена положба и овластување се бришеа и одредени кривични дела, со цел да се амнестираат и ослободат оние кои што би се гонеле по овој член. Оттаму доаѓа овој предлог измена на Кривичниот законик, со цел да се ублажат состојбите коишто беа настанати од претходната влада – рече Бојковска во гостување на Канал 5.






Бојковска истакна работна група во Министерството за правда подготвува нов Кривичен законик, кој треба да добие позитивно мислење од Венецијанската комисија, па да се изгласа.

,,Очекувам овој нов Кривичен законик да биде донесен најдоцна до јуни оваа година, но очекуваме да биде тоа и порано, бидејќи знаеме дека веќе има некоја нацрт верзија од истиот. По финализирање на истиот закон, ценам дека Македонија треба да добие пред сè, еден квалитетен Кривичен законик. Најсложениот и најсензитивниот закон за сите граѓани во оваа држава е Кривичниот законик и треба да бидеме особено внимателни – рече Бојковска.

Таа  нагласи дека новиот Кривичен законик ќе биде ставен на ЕНЕР и ги повика и пратениците да дебатираат за поквалитетно законско решение.

– Спречуваме навистина нешто кое што беше нотирано во 3 извештаи на Европската комисија, во извештаи во Стејт департменот на САД којшто укажуваше дека Македонија се соочува со сериозно уназадување во борбата на корупцијата и со гонењето на високиот криминал, токму поради овие измени – рече таа.

 

Поврзани содржини