ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИСТРАЖУВА ДАЛИ ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ГО УЦЕНУВАЛЕ Д-Р МИТРЕВ ДА ИМ ЈА ПРОДАДЕ КЛИНИКАТА Отворен е предмет, се вршат проверки
Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, соопшти Јавното обвинителство.
Јавното обвинителство соопшти дека ги проверува наводите на кардиохирургот Жан Митрев, што ги изнесе во интервју, дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за финансии, актуелниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, го принудувале да им ја продаде неговата приватна болница.
„Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.1.2026 година од страна на Јавното обвинителство, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката. Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, соопшти Јавното обвинителство.
Кардиохирургот Митрев неодамна обелодени дека Заев и Филипче со уцени и со притисоци се обиделе да го принудат да им ја продаде клиниката.