ПУТИН, СРЕТНИ СЕ СО ЗЕЛЕНСКИ Трамп неколкупати по телефон се убедувал со колегата
Предлогот бил спомнуван за време на повеќе телефонски разговори меѓу двајцата претседатели. Трамп, меѓу другото, сугерирал средба која би можела да отвори простор за конкретни резултати, изјавил преговарачот на Путин во интервју за телевизијата Россија 1, пренесено од Интерфакс и АПА.
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложил на рускиот лидер Владимир Путин да ја разгледа можноста за директен контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштил помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Предлогот бил спомнуван за време на повеќе телефонски разговори меѓу двајцата претседатели. Трамп, меѓу другото, сугерирал средба која би можела да отвори простор за конкретни резултати, изјавил Ушаков во интервју за телевизијата Россија 1, пренесено од Интерфакс и АПА.
Ушаков нагласил дека евентуалните разговори меѓу Путин и Зеленски мора да бидат темелно подготвени. Според него, суштината не е самата средба, туку исходот кој треба да донесе опипливи, позитивни резултати.
– Главната работа е контактите да бидат добро подготвени. Потоа тие мора да бидат насочени кон конкретни позитивни резултати – рекол Ушаков.
Тој потсетил и на претходната изјава на Путин дека Москва ќе ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку украинскиот претседател одлучи да дојде во Русија на разговори.
Од украинска страна, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха претходно изјавил дека Зеленски изразил подготвеност лично да се сретне со Путин. На маса би биле чувствителни прашања поврзани со територијата и управувањето со Нуклеарната централа Запорожје.