ЈА ПРЕТЕПАЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА И Ѝ ЈА ЗЕЛ ЌЕРКАТА Кривична пријава против 21-годишен штипјанец

Млад маж од Штип е пријавен за телесна повреда и одземање дете откако физички ја нападнал поранешната сопруга и ја одзел нивната малолетна ќерка.

411

21-годишен жител на Штип се соочува со кривични пријави откако, заедно со уште две лица, физички ја нападнал својата поранешна сопруга и насилно ја одзел нивната малолетна ќерка.

Инцидентот се случил на 17 ноември минатата година во Штип. Според информациите од полицијата, младиот маж ја нападнал 23-годишната жена, по што, со помош на едно од присутните лица, ја одзел нивната ќерка и ја однел од местото на настанот.






СВР Штип против него поднесе кривична пријава за телесна повреда и одземање на дете, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на улогата на другите лица вмешани во настанот.

Поврзани содржини