ЕЛОН МАСК ОБВИНЕТ ДЕКА ПРОФИТИРА ОД ВОЈНАТА Руски ракети го користат неговиот „Старлинк“

Полскиот министер за надворешни работи го предупреди Маск дека профитирањето од воени злосторства „може да му наштети на брендот“.

247

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски го повика основачот и извршен директор на „Спејс икс“ (SpaceX), Илон Маск, да ја спречи Русија да ги користи сателитите „Старлинк“ (Starlink) за напади врз Украина.

„Еј, голем човеку @elonmusk, зошто не ги спречиш Русите да го користат „Старлинк“ за напади врз украинските градови?“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X, објави денес „Укринформ“.






Тој го предупреди Маск дека профитирањето од воени злосторства „може да му наштети на брендот“.

Во објавата полскиот министер се осврна на извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW), кој посочи дека руските сили сè повеќе ги користат сателитските системи „Старлинк“ за да го зголемат дострелот на беспилотните летала BM-35 за напади врз Украина, објави „Укринформ“.

Извештајот посочува дека дострелот од 500 километри на БМ-35 опремени со системот „Старлинк“ покрива поголем дел од Украина, цела Молдавија, како и делови од Полска, Романија и Литванија доколку овие дронови бидат лансирани од Русија или од окупирана украинска територија, се наведува на порталот.

Поврзани содржини