🎥 СРАМЕЖЛИВИОТ ДЕЧКО НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН Џим Кертис промовираше книга и раскажа како се запознал со актерката

Новото момче на Џенифер Анистон во емисија во која ја промовираше својата книга за моќта на можностите, одговори и на неколку прашања поврзани со актерката, при што водителот забележа дека поцрвенел, а тој искрено си призна дека е така

498

Дечкото на холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, Џим Кертис, гостуваше во емисијата „Today“, каде што ја промовираше својата нова книга „Моќта на можностите“ (Power of Possibility), а во разговор со водителот одговори и на неколку прашања за односот со познатата актерка, пренесува „Пипл“.






На прашањето како се запозналe, Кертис откри дека ги споиле заеднички пријатели, но дека ништо не се случило преку ноќ.

– Не се случи преку ноќ – долго разговаравме и полека се зближивме – рече Кертис.

Кога станува збор за тоа колку долго се заедно, тој рече дека се заедно веќе подолго време – „речиси една година“.

Водителот Мелвин се пошегува дека нема повеќе да го става во непријатна ситуација, забележувајќи дека се зацрвенел, на што Кертис искрено одговори: „Да, точно е“.

Двојката јавно ја потврди врската во ноември, кога Анистон објави фотографија на Инстаграм на која го прегрнува Кертис и му го честита роденденот обраќајќи му се со: Љубов моја!
Поврзани содржини