ГОДИНАВА ПРИСТИГНУВААТ СИТЕ 42 „СТРАЈКЕРИ“ ЗА АРМИЈАТА 17 чекаат на пристаниште во Грција
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски при образложувањето на Информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.
До крајот на годината во Македонија ќе пристигнат сите 42 лесни оклопни возила „Страјкер“, откако во Собранието беше разгледан технички амандман на договорот со Соединетите Американски Држави, неопходен за инсталација на опремата и за целосно преземање на возилата од страна на Армијата.
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски потенцираше дека 17 возила веќе се на пристаниште во Грција и дека треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стигнува.
– Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот Страјкер со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и да се направи целосна обука за она што се прави сега што стигаат. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат – рече Мисајловски.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа Информација за потребата на доделување на Амандаман број 2 на Договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402).
Амандманот се однесува на Договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала „STRYKER“ MK‑B‑UCE, склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави.