„ОВА Е МАЈКА НА СИТЕ ДОГОВОРИ“ Индија и ЕУ создаваат пазар од две милијарди луѓе

Договорот за слободна трговија се подготвувал речиси 20 години и треба да донесе нов импулс за економиите на двете страни.

489

Индија и Европската Унија направија голем чекор кон продлабочување на економските односи, откако постигнаа договор за слободна трговија, кој индискиот премиер Нарендра Моди го оцени како најзначаен досега.

Говорејќи на Неделата на енергијата во Индија, Моди договорот го опиша како „мајка на сите договори“, нагласувајќи дека тој ќе донесе сериозни придобивки за индиската економија и ќе отвори нови можности за клучните индустриски сектори.






Според него, овој договор се надоврзува на веќе постигнатите трговски аранжмани на Индија со Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија, но има многу пошироко значење и поголем економски опфат.

Како што пренесува „Си-Ен-Би-Си“ (CNBC), договорот ќе создаде заеднички пазар од околу две милијарди луѓе – во период кога глобалната трговија е под силен притисок поради растечките геополитички тензии и економски неизвесности.

Се очекува индискиот премиер Нарендра Моди и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, подоцна денеска на самитот Индија–ЕУ во Њу Делхи да дадат заедничка изјава, во која ќе ги откријат деталите од договорот што се подготвува речиси две децении.

Поврзани содржини