ЈОН ФРЧКОСКИ ИЗЛАЖАЛ ЗА СОПСТВЕНИШТВОТО НА ЛИДЕР Единствениот сопственик Љупчо Златев се сомнева дека ова се измислици под влијание на психотропни супстанци
Единствениот сопственик на Лидер потсети дека во текот на локалните избори овој медиум имал деловна соработка со СДСМ. Јон Фрчкоски ги нападна Курир, Алфа, Денешен, Економски, Вистина и Република, нарекувајќи ги дел од некаков „медиумски октпод на Орбан“.
На денешната прес-конференција на политичката партија СДСМ, Јон Фрчкоски прикажувал лажни графикони за сопствеништво на Лидер, кои не кореспондираат со реалноста, тврди сопственикот Љупчо Златев.
„Сопствеништвото на Лидер е јасно, во 100% станува збор за домашен капитал, на едно лице. Издавач на Лидер е компанијата Џенерал Хералдинг ДООЕЛ Скопје, во која 100% од уделите ги поседува Љупчо Златев. Овие податоци може многу лесно да се проверат во Централниот регистар на РМ и во МАР-НЕТ. Наместо да направат бесплатна проверка, Фрчкоски и СДСМ одлучиле да шират лаги“, пишува Златев на Фејсбук.
Златев со чудење реагираме на лажните графикони, кои доаѓаат од политички субјект со кој Лидер имал деловна соработка на последните локални избори.
„Ваквите обвинувања кои доаѓаат од сè уште најголемата опозициска партија во земјата може да ѝ наштетат на нашата компанија која само поради својата либерална уредувачка политика се поврзува со други субјекти.
Како општествено одговорна компанија, Џенерал Хералдинг стои на располагање на Јон Фрчковски да му донира средства за лекување од зависности, на какво никогаш не отиде иако беше експлицитно фатен во консумација на кокаин.
Психотропните супстанции очигледно и понатаму влијаат негативно на неговото расудувањето, па токму затоа изнесува вакви целосни лаги за нашиот медиум.
Јон, охрабри се! Веруваме дека освен што со твоето лекување од зависности од себе ќе направиш пособар човек, ќе направиш и од СДСМ подобра политичка партија“, пишува Златев.
На прес-конференција на СДСМ, членот на Извршниот одбор Јон Фрчкоски зборуваше за сопственоста на повеќе македонски медиуми. Ги нападна Курир, Алфа, Денешен, Економски, Вистина и Република, нарекувајќи ги дел од некаков „медиумски октпод на Орбан“.
Тој не го спомна Лидер, но на илустрациите од презентацијата јасно стои името на овој медиум, кој е во стопроцентна сопственост на Љупчо Златев.