МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА И ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА Врнежите носат голем ризик од поплави

Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките  и на езерата како и опасноста од излегвање на реките  и поплави.

669

Целата територија на Македонија денеска ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски.

Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките  и на езерата како и опасноста од излегвање на реките  и поплави.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.





Утринските температури се високи, се движат од 3 степени во Крушево до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 5 до 11 степени Целзиусови во истите места.

Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини