АЛКАРАЗ СО НАСМЕВКА МУ ОДГОВОРИ НА ЃОКОВИЌ Кој кого копира при сервирање на топката?

Ѓоковиќ претходно се пошегува дека му побарал пари на Шпанецот за секој освоен поен при автентичниот сервис.

338

Младата ѕвезда на тенисот Карлос Алкараз му одговори на српскиот ас Новак Ѓоковиќ по неговата шеговита забелешка за „авторските права“ на неговиот начин на изведување на сервисот.

Во Мелбурн, по победата над Корентин Муте, Алкараз со насмевка кажа дека има „договор во џебот“ за авторските права.






– Новак ми испрати порака и кога ја видов, се изнасмеав. Нашите сервиси се слични, но тоа не значи дека сум го копирал. Едноставно ги менував работите и така излезе – рече Алкараз.

 

Ѓоковиќ претходно се пошегува дека му побарал пари на Шпанецот.

– Му реков дека мора да разговараме за авторски права. За секој поен да добијам процент – изјави српскиот ас.

Овој симпатичен дијалог меѓу двајцата шампиони ја освежи атмосферата во тенискиот свет и ја покажа меѓусебната почит меѓу генерациите.

Алкараз се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн го победи Французинот Корентин Мует со 6:2, 6:4, 6:1.

 

Поврзани содржини