СО ЗАКАНИ БАРАЛ ПАРИ ОД БИВШИОТ ДЕЧКО НА ЌЕРКА МУ Приведен маж од Скопје со обележани 200 евра

Таткото барал од бившиот дечко на ќерка му да му врати пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош.

577

Лишен од слобода е жител на скопско Идризово, зашто со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка.

Како што соопшти МВР, на 21.01.2026 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С. (57) од Идризово, Скопско.






Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од Скопско, поранешен партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош.

По пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен е записик за примање пријава за кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик и вчера (21.01.) во угостителски објект во Скопје Т.С. е лишен од слобода откако претходно примил крим-технички обработени 200 евра од пријавителот.

Поврзани содржини