СРЕЌАТА СЕ НАСМЕВНА ВО НОВАЦИ Николче Колевски доби МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од 1.713.055 денари

Добивката е освоена на видеолотариските терминали на „Евротип“ во Новаци, а семејството планира вложување во нов дом.

13

Николче Колевски од Новаци ја започна 2026 година како нов милионер, откако на 8 јануари во 17:47 часот освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во износ од 1.713.055 денари. Добивката е реализирана на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, кај нивниот деловен соработник „Евротип“ во Новаци.

Со оваа добивка, Колевски официјално стана дел од „среќното ВЛТ семејство“, а моментот на освојувањето, како што велат од Видеолотарија, бил целосно неочекуван, но исклучително радосен.






Колевски во просториите на Видеолотарија пристигнал во друштво на својата сопруга, сè уште под силни импресии од големата добивка. Тој откри дека парите од освоениот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ веќе имаат јасна намена.

– Сè уште не можеме да поверуваме што ни се случи. Ова е огромна радост за целото семејство. Планираме средствата да ги вложиме во изградба на наша семејна куќа – изјави Колевски.

Од Видеолотарија Касинос Австрија упатија искрени честитки до добитникот, посакувајќи му радост, исполнети соништа и многу незаборавни моменти.

Во периодот од 12.01.2026 до 18.01.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплатила вкупно 20.436.025 денари кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија. Во овој период биле исплатени:

1 РОЈАЛ ЏЕКПОТ во износ од 10.810.573 денари

5 МИЛИОНЕР џекпот добивки со вкупен износ од 7.735.908 денари

МИНИ џекпот добитници со вкупна добивка од 1.889.544 денари

Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Само во текот на 2025 година, илјадници играчи заедно со Видеолотарија ги претвориле своите соништа во реалност, споделувајќи вкупно 814.512.912 денари добивки.

Поврзани содржини