НОВ ВЛТ МИЛИОНЕР ВО МАКЕДОНИЈА Столе од Радовиш со една игра стигна до 1,7 милиони денари
Радовишанецот Столе Гоцев освоил Милионер џекпот вреден 1.739.712 денари на ВЛТ терминал, а добивката планира да ја вложи во купување нов стан.
Радовишанецот Столе Гоцев е најновиот добитник на Милионер џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, откако освои 1.739.712 денари играјќи на ВЛТ терминал.
Добивката била остварена на 4 јули 2026 година кај деловниот соработник Спортлајф во Радовиш, на играта „40 Супер Хот“.
„Најчесто уплаќам спортска прогноза. Тоа го правев и сега за време на Светското првенство во фудбал, кога одлучив да си ја пробам среќата и на ВЛТ. Во првиот момент кога го слушнав сигналот, не знаев што се случува. Мислев дека има некаква грешка. Вработената ми објасни дека сум освоил Милионер џекпот. Во тие мигови никако не можев да поверувам дека тоа навистина ми се случува мене“, изјавил среќниот добитник.
Тој најавил дека освоените пари ќе ги искористи за купување нов стан.
Од Видеолотарија Касинос Австрија му честитаа на добитникот и информираа дека во периодот од 29 јуни до 5 јули 2026 година на играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија им биле исплатени вкупно 15.973.107 денари.
Во тој период бил исплатен:
– еден Супер милионер џекпот во вредност од 5.671.489 денари,
– шест Милионер џекпот добивки во вкупен износ од 8.764.308 денари,
– како и повеќе Мини џекпот добивки во вредност од 1.537.310 денари.
Компанијата потсетува дека во текот на јуни, преку промотивната кампања „Секој ден нов милионер“, биле создадени 25 нови милионери на ВЛТ терминалите, а за ВЛТ џекпот добивки во периодот од 1 до 30 јуни 2026 година биле исплатени вкупно 58.356.737 денари.