🎥 ЗАВРШЕНА Е ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ОБИКОЛНИЦА ОКОЛУ СКОПЈЕ По релацијата Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови
Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје – изјави вицепремиерот Николоски за време на тест-возењето.
Завршена е реконструкција на железничката обиколница околу Скопје, пругата од Драчево до Илинден, со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје, соопшти Министерството за транспорт
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски направија увид до реконструираната пруга, каде се изврши и тест-возење.
– По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт. Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје.
Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.
Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт.
За многу брзо време, не подоцна од 1. септември, се гледаме и на пуштање во употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје – изјави Николоски.

— Plus Info (@PlusInfomk) July 8, 2026