МУ ЗАПИШАЛЕ ДОБИВКИ ШТО НИКОГАШ НЕ ГИ ЗЕЛ Гостиварец „добил“ 74.000 денари, а не видел ни денар

Лажни добивки од игри на среќа му биле заведени во УЈП, по што му била кратена и пензијата од Италија.

1,290

72-годишен жител на Гостивар се соочил со сериозен проблем откако открил дека неговите лични податоци биле злоупотребени за лажни добивки од игри на среќа, што директно му ја намалило и пензијата што ја прима од Италија.

Сè започнало кога гостиварецот вадел уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи. Во неговото досие биле евидентирани добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година – пари кои, како што тврди, никогаш не ги добил.






Според пријавеното во полиција, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле податоците од неговата лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица. Овие фиктивни приходи, пак, предизвикале проблем и со неговата пензија во Италија, која му била финансиски намалена поради прикажаниот дополнителен приход.

Случајот е пријавен во ОВР Гостивар, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на злоупотребата.

Поврзани содржини