ДОБИЛ СМС ОД „ПОШТА“, ОСТАНАЛ БЕЗ 26.000 ДЕНАРИ Пет трансакции му ја испразниле сметката на гостиварец

Наседнал на лажен СМС од „Пошта на Северна Македонија“ и ги внел податоците од картичката.

472

Жител на Гостивар останал без 26.000 денари откако наседнал на измама преку СМС порака што наводно доаѓала од „Пошта на Северна Македонија“.

Според пријавата во полиција, 42-годишниот гостиварец добил порака со линк за „ажурирање на податоци за достава на пакет“. Верувајќи дека станува збор за негова претходна нарачка, тој кликнал на линкот и на лажна веб-страница ги внел податоците од својата платежна картичка.






Кратко потоа, од неговата сметка биле направени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност. Дури тогаш сфатил дека станува збор за измама и случајот го пријавил во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини